Милошоски на конференција во Литванија

Претседателот на Комисијата за надворешна политика на Собранието, Антонио Милошоски, учествува на Интерпарламентарната конференција за заедничка надворешна и безбедносна политика и заедничка безбедносна и одбранбена политика, која во рамките на литванското претседателство со Европската унија, од 4 до 6 септември се одржува во Вилнус, Литванија.

Главни обраќања на конференцијата имаа литванскиот претседател Далија Грибаускаите, министерот за надворешни работи на Литванија, Линас Линкевичиус, високиот претставник за надворешни работи и безбедносна политика на Европската унија, Кетрин Ештон, генералниот-секретар на НАТО, Андерс Расмусен, како и претседателот на Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент, Елмар Брок.

Меѓу другото, на конференцијата беа презентирани приоритетите на Литванското претседателство со ЕУ, а стана збор и за заедничката надворешна и безбедносна политика на Унијата за време на претседавањето на Литванија со Советот на ЕУ.

Претседателот на комисијата, Антонио Милошоски, оствари и неформални средби со повеќе колеги парламентарци од земјите-членки на Европската унија, како и земјите-членки на Алијансата.

06.09.2013 - 10:07
Фото: 
канал 5

најчитано сега