Просечната плата во Чешка се поблиску до 1.000 евра

Според најновите податоци на Чешкиот завод за статистика, просечната плата во земјата изнесува 998 евра и во споредба со минатата година е зголемена за 12 евра, јави дописникот на МИА од Прага.

Со оглед на тоа дека инфлацијата за истиот период е зголемена за 1,5 посто, Чесите за парите со кои располагаат може да купат помалку од лани, односно реално нето платата е намалена за 0,3 проценти.

Истражувањето покажува дека просечниот личен доход, бележи поголемо зголемување кај државната администрација (номинално 1,9 проценти), за разлика од бизнис сферата каде платите се зголемиле за 1,1 процент.

06.09.2013 - 09:51
Фото: 
Денешен

најчитано сега