Готов проектот за изградба на автопатот Скопје-Блаце

Изградбата на автопатот од Скопје до Блаце е врвен инфраструктурен приоритет за Владата, бидејќи имаме значителна економска размена со Косово и ќе се обидеме што побрзо да биде реализиран, најави денеска вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев.

- Проектот за патот од Скопје до Блаце во должина од 13 километри, чија проценета вредност е 63 милиони евра, е завршен и е на ревизија. Зборувавме и со Европската банка за обнова и развој да ја финасира изградбата на автопатот, рече Анѓушев во одговор на прашање по работната посета на Стопанската комора на Македонија

Тој нагласи дека Македонија ќе биде посветена делницата од 13 километри што побрзо да се  направи.

- За автопатот досега немаше техничка документација. Сега е направена и во тек е нејзината ревизија, а парите ќе бидат одредени и детерминирани како приоритетни, посочи Анѓушев.

Порача дека државата треба да им помогне и на претпријатијата во зоната во Визбегово која сама се има развиено.

- Државата треба да посвети внимание и да им помогне на претпријатијата во зоната.  Работиме на тоа да изнајдеме средства и да решиме некои нивни инфраструктурни проекти, рече Анѓушев. 

 

 

 

05.03.2018 - 14:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега