Денеска завршува средбата на лидерите од државите од Г-20

Средбата  Г-20 ќе заврши денеска со прифаќање финални документи – Декларација на лидерите и План од Санкт Петербург.

Планот за акција за обезбедување раст и вработеност ќе вклучува и шема на работа по финансирање на долгорочни инвестиции, извештај за реализацијата на реформите за финансиска регулација, резиме и план за акција по даночни прашања. Се очекува денеска и втора седница на групата со теми – инвестиции, стимулирање економски раст и создавање нови работни места.

Италијанскиот премиер Енрико Лета вчера изјави дека шефовите на држави и влади од групата Г-20 потврдиле дека постои поделба меѓу нив во врска со решавањето на конфликтот во Сирија.

06.09.2013 - 09:16