Популарната актерка со истиот фустан што веќе го носеше на ноќта на Оксарите во 1962 година

Холивудската легенда Рита Морено го освои вниманието на црвениот тепих на Оскарите со прекрасниот фустан со впечатлив флорален принт, долгите црни ракавици и украсна трака на главата – но, само нејзините најголеми фанови се сетија дека нејзиниот фустан е всушност истиот кој Морено го носеше на Ноќта на Оскарите во 1962 година.

Повеќе од изненадувачки е фактот што фустанот изгледаше како да е сосема нов, а воодушевува фактот што глумицата ја сочувала истата витка фигура и телесна градба, 56 години подоцна!

Морено е позната по улогата на Анита во филмот West Side Story. Со таа улога, таа заработи Оскар за најдобра споредна женска улога, со што Морено станала првата „латино“ актерка која ја добила наградата. Во тој значаен ден, таа го носеше истиот фустан кој годинава го облече за Оскарите 2018.

Морено изјави дека фустанот е скроен во далечната 1962 година во Манила, Филипини, облечен е само на Ноќта на Оскарите (1962) и по тој настан, фустанот го чува во својот гардеробер.

„Ткаенината е направена од оби (јапонски појас за кимона)“, изјави Морено на црвениот тепих.

Оби ткаенина е густа и цврста, а тоа може да го објасни податокот што цели 56 години останала неоштетена во гардероберот, како да е сосема нова.

 

 

 

05.03.2018 - 09:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега