Форуми со работодавачи во Ѓорче Петров и Кисела Вода

Претставници на Министерството за труд и социјална политика, Агенцијата за вработување на Република Македонија, Националниот совет за претприемништво и конкурентност, како и претставници на локалната самоуправа денеска ќе одржат Форуми со работодавачи во општините Ѓорче Петров и Кисела Вода.

Целта на Проектот е зголемување на информираноста на работодавачите за активните програми и мерки за вработување кои поттикнуваат нови вработувања, размена на искуства и остварување на непосреден контакт со приватниот сектор.

На форумите се разменуваат идеи  и предлози за прилагодување на политиките и програмите за вработување согласно со потребите на работодавачите кои ќе бидат дел од Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување за 2014 година.

Преку овие форуми треба да се придонесе и за јакнење на социјалниот дијалог помеѓу работодавачите, единиците на локалната самоуправа и државните институции на локално ниво.

Имплементацијата се реализира со тимови составени од претставници од Министерството за труд и социјална политика, Агенцијата за вработување на Република Македонија и Националниот совет за претприемништво и конкурентност, подржани од претставници од единиците на локална самоуправа. 

Проектот се реализира преку одржување на форуми со работодавачи во 28 општини, при што се очекува да земат учество повеќе од 400 приватни компании. Форумите со работодавачи се реализираат во периодот од 27-ми август до 30-ти септември годинава.

06.09.2013 - 09:00

најчитано сега