Само две недели по големата среќа, утрово фудбалерот пронајден мртов

Фудбалерот на Фиорентина, Давиде Астори починал утринава во хотел во Удине, објавуваат италијанските медиуми.

Капитенот на „виолетовите“ починал во сон. Тој не се разбудил утринава во хотелот во Удине во кој престојува целиот тим, во пресрет на натпреварот против Удинезе во Серија А.

-Неговото семејство е во очај по големата трагедија, пренесуваат италијанските медиуми.

Светските медиуми со екстремна брзина информираат за оваа тажна вест.

За трагедијата да биде уште поголема, младиот фудбалер кој почина утрово, пред само две недели станал татко.

-Астори пред само две недели беше најсреќниот човек на светот. За првпат стана татко. Толку многу се израдува на татковството кое долго го очекуваше. А, сега не затекна оваа трагедија, велат блиски пријатели на неговото семејство.

 

31-годишниот италијански репрезентативец кариерата ја започна во дресот на Милан. Потоа настапуваше за Каљари, а од 2015 година беше член на Фиорентина. За селекцијата на Италија имаше 14 настапи.

 

 

 

04.03.2018 - 13:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега