Се излеа реката Вардар, опасност од поплави во гостиварско

Синоќа во 01:30 часот по полноќ пријавено е излевање на реката Вардар кај мостот во гостиварското село Форино, објави Гостиварпрес. Центарот за управување со кризи алармира дека постои опасност да бидат поплавени повеќе куќи.

„Известени се општина Гостивар, Дирекцијата за заштита и спасување – Гостивар и ТППЕ – Тетово. Стапено е во контакт со хидроцентралата Вруток за да се побара намалување на производството на електрична енергија затоа што водите од акумулацијата влијаат на покачување на нивото на водата. Хидроцентралата Вруток го запре целосно производството на електрична енергија и се очекува нивото на водата да се намали.“, наведуваат од Центарот.

Излевање има и на каналот кој поминува низ селото Тумчевиште, каде била испратена екипа за санирање.
Според информациите од СВР Тетово, синоќа била пуштена една коловозна лента од патот Гостивар-Србиново, кој беше блокиран целосно поради одрон кај с.Лакавица. Мештаните се самоорганизирале и расчистиле дел од одронот, а се очекува во текот на денот екипи на Македонија пат целосно да го оспособат патниот правец за сообраќај.

Отежнато се одвива и сообраќајот на патот Тумчевиште-Чегране.

 

 

 

04.03.2018 - 13:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега