Силен земјотрес ја стресе Коста Рика

 

 

Земјотрес со интензитет од шест степени според Рихтерова скала денеска е регистриран во близина на тихоокеанскиот брег на Коста Рика, соопшти Геофизичкиот институт на САД.

Засега нема информации за евентуални жртви или причинета материјална штета.

Епицентарот на потресот се наоѓал на 44 километри западно од градот Сардинал, на длабочина од 41,7 километри под површината на Земјата.

05.09.2013 - 16:21

најчитано сега