Мицкоски: Поради математички и политички причини не може да учествуваме во работата на Собранието
Со Али Ахмети имавме конструктивна средба, дискутиравме околу актуелната политичка и економска ситуација во државата. Ахмети го честиташе мојот избор за претсетдател на ВМРО-ДПМНЕ. Ние ги презентиравме нашите ставови околу актуелната економија. Се надевам дека ваквите средби ќе прераснат во традиција и ќе бидат се почести, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по средбата со претседателот на ДУИ, Али Ахмети.
– Ние сме ориентирани кон ЕУ и НАТО интеграциите и ќе придонесеме кон поквалитетни реформи, рече Мицкоски.
Што се однесува до Законот за употреба на јазиците, Мицкоски истакна дека ова не било средба за договори, туку само ги аргументирале позициите.
– Поради математички и политички причини не можеме да учествуваме во работата на Собранието. Математичката е поради тоа што 12 отсто од пратениците ни се во притвор, а политичката е поради сериозното нарушување на демократскиот амбиент во Македонија, рече Мицкоски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа