ВМРО-ДПМНЕ: Заев не исполни ниедно ветување - не може да му се верува
Градоначалникот на Струмица Зоран Заев, на своите сограѓани во Струмица до сега им има дадено повеќе десетици лажни ветувања. Ветувања кои во неговите мандати, ако сакал, можел и да ги реализира.
Ако Зоран Заев нема капацитет да ги оствари ветувањата за Струмица и ако веќе станува јасно дека во континуитет ги лаже граѓаните на Струмица, ние јасно велиме дека на Заев не може да му се верува ниту за едно негово ветување, кое сега од позиција на Претседател на СДСМ го дава или ќе го дава во следниот период.
Како што и очекувавме, ниту Зоран Заев ниту СДСМ не собра храброст да даде одговор на фактите кои говорат дека Заев зад себе има огромен број на лажни ветувања и нереализирани проекти. Тоа е доказ и признание од СДСМ за витинитоста на нашите аргументи.
Зоран Заев е градоначалник на Струмица исклучиво благодарејќи на манипулациите и приграбувањата на туѓите проекти и заслуги. Тоа што тој го ветува на избори останува само мртво слово на хартија. Доколку вчера посочивме дел од проектите кои ги ветувал изминативе циклуси, а никогаш не ги реализирал, еве денес ќе посочиме уште толку.
Иако вети иградба на канализациони системи во сите населени места со над 500 жители, до ден денес и после два негови мандати, канализација не е изградена во селата Водоча, Вељуса, Попчево, Рич, Просениково, Сачево, Свидовица, Габрово, Баница.
Од целосно уредување на индустриска зона Сачево и создавање две нови индустриски зони Крива Река и Свидовица – Куклиш, што Заев ги ветуваше, граѓаните сеуште може да видат само празни полјани. Во Индустриска зона – Сачево не е изградена никава инфраструктура, ниту е извршена физичка делба на парцелите. Од ветените 16 фабрики нема поставени ниту темели, а пак, индустриските зони Крива Река и Свидовица, ниту се обележани како индустриски зона ниту пак имаат соодветна инфраструктура.
Зоран Заев вети и целосно завршување на реставрација на симболот на Струмица -Цареви Кули. Ништо од отпочнатото не е завршено на локалитетот Цареви Кули, иако се ближи јубилејната илјадагодишнина од Битката на Беласица. Овој проект го вети во изборната програма во 2009 година.
Можеби Зоран Заев заборавил што им вети на Струмичани во претходните два мандати, но еве ние ќе го потсетиме дека вети:
·
Изградба на Младински Културен Центар
·
Намалување на надометокот за уредување на градежно земјиште до 100% во зависност во исполнувањето на 9 критериуми. Таквото намалување не се случи, напротив дојде до зголемување од страна на локалната самоуправа.
·
Вети дека ќе ја укине обрвската за плаќање на фирмарина во првата година од животниот век на фирмата и заборави дека тоа го ветил.
·
Создавање услови за развој на селскиот туризам во населените места Дорломбос и Мемешли, а до таму нема ниту пат направено.
·
Вети дека ќе изгради парк и шеталиште во турската маала, а таму нема примарни услови за домување
·
Вети дека ќе изгради триесет станови и бесплатно ќе ги додели на користење на социјални случаи и млади брачни парови. Не се ниту изградени.
·
Вети дека ќе изгради затворен базен и уште многу други проекти на кои заборава во истиот момент кога стапнува во градоначалничката канцеларија.
Очигледно човекот има проблем со тоа да внимава што ветува пред граѓаните, а уште поголем проблем има да си го одржи зборот и да го реализира ветеното.
Неговите манипулации говорат за неговиот кредибилитет. Оној што еднаш излажал, ќе излаже и втор пат и ќе лаже постојано. Токму тоа го прави Зоран Заев. Ако мисли дека некој заборава и ако мисли дека во политиката може да чекори со лаги, ние му порачуваме дека тоа може да го прави само внатре во СДСМ.
Зоран Заев за да биде политичар на кој ќе може бар минимално да му се верува треба сам да собере храброст, да ги погледне граѓаните, да ги признае своите манипулации и невиостини и да се извини. Така барем ќе покаже дека има малку политичка доблест и култура.
Интегрален текст