Дилер од Битола падна во рацете на полицијата

Полицијата поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство-Битола против 30-годишниот О.П. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

Судија на претходна постапка од битолскиот Суд, на пријавениот му одреди мерка притвор во траење до 30 дена.

Пријавениот, како што информира денеска МВР, подолг период од непознато лице, во поголеми количини, набавувал наркотични дроги хероин и марихуана, кои во неговиот дом ги препакувал во помали пакувања и ги продавал на зависници.

На 28 февруари годинава, по претходно добиена наредба од Основен суд-Битола, бил извршен претрес во дом и други простории, како и во возилото на О.П.. При претресот, биле пронајдени и со потврда биле одземени три најлонски пакувања со хероин со маса од 74,08 грама, едно најлонско пакување со марихуана, дигитална вага со траги од хероин, една дробилка со траги од марихуана, како и банкноти во различни апоени во висина од околу 57.000 денари. 

 

 

 

02.03.2018 - 12:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега