Весел скопјанец го стресе Чаир
Во вторникот околу 22 часот, весел скопјанец решил да прослави роденден со пукање од огнено оружје.
Од полицијата информираат дека 22 годишниот скопјанец С.Ј. излегол на улицата „Јајце“ во Скопје и од својот пиштол „блов мини“ кал.9 мм, испукал неколку куршуми во воздух. Полициските екипи извршиле увид на местото на настанот, а против С.Ј. ќе бидат преземени соодветни законски мерки.
05.09.2013 - 12:45