Нови моменти во истрагата за убиството на фудбалерот Мартин Јанушев

Директорот на Бирото за јавна безбедност Лазе Велковски денеска изјави дека има нови моменти во истрагата за убиството на фудбалерот Мартин Јанушев, кој беше убиен на 3-ти ноември минатата година пред влез од зграда во скопската населба Аеродром. Осомничен за убиството е Филип Секуловски кој истиот ден бил пуштен од затвор на слободен викенд и оттогаш е во бегство, објави Телма.

-Има нови моменти од пред два дена, кои што се во фаза на обработка. Откако ќе бидат обработени тие нови моменти и доказни материјали, ќе одлучиме дали ќе го споделиме тоа со јавноста, изјави Лазе Велковски, директор на БЈБ за Телма.

Според првичните информации на Телма, станува збор за технички детали и анализи кои може да откријат нови сознанија за движењето и комуникацијата на жртвата.

Осомничениот Секуловски е во бегство. Веднаш по извршеното убиство избегал покрај сервис за перење на коли во близина на надвозникот кај Железничката станица, поминал под него и оттогаш исчезнал од видикот на безбедносните камери.

Велковски потврди дека има осомничен за убиството на 24-годишниот Бурим Идризи извршено на 21-ви декември во Чаир, но дека осомничениот е во бегство и е недостапен за полицијата.

 

 

 

28.02.2018 - 23:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега