Верижен судар во Велика Британија - над 200 лица се повредени
Најмалку шест лица се тешко, а над 200 полесно повредени денеска во верижен судар на над 100 возила на мостот во Кент, јавија британските медиуми.
Несреќата се случила нешто по седум часот по локално време поради густата магла на мостот „Шипи“.
„Мирор“ објави дека шест лица се тешко, а 200 полесно повередени во несреќата.
05.09.2013 - 11:58
Фото:
Денешен