Албанскиот јазик официјален во Струга, Советот на општината го внесе во Статут

По речиси три месеци преговори меѓу коалиционите партнери ДУИ и СДСМ на локално ниво во Струга како да гласи формулацијата на новиот статут на општината, денес со мнозинство и со гласање по принципот на Бадентер, тој беше усвоен - објави Алсат.

Со ова албанскиот јазик и официјално стана запишан како службен јазик во Струга. Досега во Статутот се споменуваше само фразата „јазик што го говорат најмалку 20% од населението“, но сега се додаваат и зборовите „албанскиот јазик“.

Единствено против ваквата формулација беа тројцата советници од ВМРО-ДПМНЕ, велејќи дека е таа е противуставна. Тие најавија дека членот седум од Статутот многу брзо ќе го обжалат пред Уставниот суд.

„Со овој статут се исклучува можноста за употребата на јазиците на другите националности, доколку тие бидат застапени со над 20% во општина Струга“, рече Ален Деребан-советник ВМРО ДПМНЕ.

„Ние ги повикуваме на ВМРО-ДПМНЕ да поднесат претставка и за статутите на другите општини каде токму припадниците на советници на нивната партија гласале за статутите во останатите општини“, рече Николина Велковска-советник СДСМ.

„Ние го поддржавме статутот и гласавме. Но, нашиот предлог беше во членот седум да стои дека службен јазик во општина Струга покрај македонскиот јазик е и албанскиот јазик, но поради консензус да отстапиме од нашиот предлог и го прифативме општиот предлог на советот“, рече Имер Имери- советник Алијанса на Албанците.

Градоначалникот Рамиз Мерко рече дека донесувањето на статутот и изедначувањето на македонскиот и албанскиот јазик во Струга е резултат на подобрена политичка клима на локално ниво.

 

 

 

27.02.2018 - 16:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега