Одложена седницата за избор на претседател на Апелација - не се знае кој ќе седне во фотелјата

Судскиот совет на Република Македонија утре нема да ја одржи планираната седница поради службено отсуство на претседателот на Советот и на дел од членовите.

Датумот на одржување на седницата, како што е објавено на веб страницата на Судскиот совет, дополнително ќе биде соопштен.

На дневен ред на оваа седница се повеќе точки, меѓу кои изборот на претседател на Апелацискиот суд Скопје и претседател на Основниот суд Дебар, откако претходно Советот ќе ги усвои конечните ранг-листи на кандидатите за претседател на судовите. 

 

 

 

27.02.2018 - 15:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега