Проодни сите улици и патишта во Тиквешија

 Проодни се сите улици и патишта од Тиквешкиот регион. Во Кавадарци биле фрлени 15 тони сол, а во Неготино 15 тони ризла и еден тон сол.

Од кабинетот на кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев иформираат дека општината не е изненадена од временските услови и од невремето во Република Македонија.

- Низ градското подрачје уште со првиот снег интензивно се чистеа улиците со  три унимок возила и се посипуваше со чиста сол без ризла за поголем ефект. Состојбата на улиците во Кавадарци воопшто не е отежната и сообраќајот функционира непрекинато, соопштуват од  кабинетот на Јанчев.

Портпаролот на општина Неготино, Методи Митрев вели дека фирмата задолжена за зимско одржување на улиците во градот, со работна рака и механизација и со асистенција на вработени во ЈП Комуналец, интервенирала на отстранување и чистење на снегот од улиците, што пак резултирало со тоа сите улици во градот да се проодни и безбедни за сообраќај, а исчистени биле и тротоарите за непречено движење на пешаците.

 

 

 

27.02.2018 - 15:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега