Царовска: Обвинителството ќе каже против кого и за што ќе има обвиненија за силуваните деца

 

Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, вели дека истрагата на Oбвинителството ќе покаже кој и за што ќе има обвинение за злоупотребуваните штитеници од Домот „25-ти мај“.

- „Министерството за труд и социјална политика направи детален инспекциски надзор и поднесе 12 кривични пријави и 12 прекршочни пријави против вработените во центарот за социјални работи и Домот 25-ти мај. Пријавите се поднесени до Основното јавно обвинителство. Да нагласиме дека влегуваме во брза трансформација на домовите „25 мај“ и на „Ранка Милановиќ“, институции кои се запуштени во изминатите десет години и од кои денес ги следаме само резултатите. Со брзата трансфромација на овие институции верувам дека ќе добиеме грижа и заштита за секое дете, посочи Царовска.

Таа ова го изјави по прес-конференцијата во Владата за стечајците, на која беше соопштено дека  1.900 лица ќе бидат опфатени со измените и дополнувањата на законот за стечајци.

 

 

 

27.02.2018 - 14:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега