Адвокатот на оштетениот родител: Чапаровски бараше пари од татко на момчето со инвалидитет за операција во странство
Поранешниот директор на скопската Клиника за неврохиругија, Александар Чапаровски кој е обвинет за поткуп ја призна вината и доби условна казна од една година, доколку во рок од две години не прави кривично дело. Чапаровски според пресудата, во наредните две години не треба да биде реизбран за директор.
Адвокатот на оштетената странка Јанаки Митровски, за Фокус даде подетални ифромации за целиот случај.
– Таткото од кој обвинетиот бараше пари е родител на инвалидизирано малолетно дете кое за потребите на хируршки зафат во Германија требало да прибави потврда од нашата клиника за Неврохирургија дека таков тип на операција не се прави во Македонија. Понатамошниот тек на настаните е повеќе или помалку познат на јавноста – истакна Митровски за Фокус.
Тој е задоволен од пресудата, бидејќи обвинетиот ја прифатил одговорноста за своето противправно поведение.
– Во поглед на изречената казна истата, познавајки ги законските прописи и фактот да судот мора да цени олеснувачки околности од типот на неосудуваност, кооператвиност во постапката, признание на вина изразено каење и жалење и слично, пресудата е во рамките на моите очекувања – тврди Митровски.
Чапаровски на 30 мај беше уапсен по пријава на граѓанин, дека побарал 1.000 евра за издавање на потврда со која неговото малолетно дете требало да замине на лекување во странство.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа