Драма во Штип: Се соблекол во школскиот двор па ги повикувал девојчињата

Додека четири малолетнички додека вчера околу 14 часот и 15 минути биле во дворот на средното општинско училиште во Штип, непознато машко лице, кое било надвор од дворното место, ги соблекло панталоните и ги повикувало да дојдат кон него.

-По преземени мерки, полициски службеници од слобода го лишиле 36-годишниот И.А. од Штип. Тој бил приведен во Полициската станица Штип, каде во присуство на Јавен обвинител било извршено препознавање, информираат од МВР.

По целосно документирање на случајот,  против И.А. ќе биде поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „задоволување полови страсти пред друг“, казниво по  член 190  од К.З на РМ.

 

 

 

27.02.2018 - 13:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега