Кина: Воен удар врз Сирија е закана за светската економија

 

Кина денеска предупреди дека евентуален воен напад врз Сирија ќе ја загрози светската економија, особено поради фактот што ќе предизвика раст на цената на нафтата.

- Воена акција ќе има негативно влијание на светската економија, особено на цената на нафтата, изјави кинескиот министер за финансии Жу Гуангјао на конференција за новинари на Самитот на Г-20 во Санкт Петербург.

Жу, истовремено повика за политичко решение на сирискиот конфликт.

Ситуацијата во Сирија ќе биде една од главните теми на дводневниот самит на Г-20 во Русија.

05.09.2013 - 11:01

најчитано сега