Разузнавачките агенции тврдат: Сирија има илјада тони хемиско оружје

 

Разузнавачките агенции од Западот, ЦИА, како и турските и арапските тајни служни веруваат дека Сирија има резерви од илјада тони хемиско оружје, за кое се смета дека е складирано на 50 локации во градовите и населените места.

Американската ЦИА тврди дека Сирија располага со сарин, високо отровен нервен гас, како и со иперит, но оваа разузнавачка агенција верува дека Сиријците со години имаат програма за производство на хемиско оружје кое може да се употреби во авионски напади, со балистички ракети,како и со артилериски гранати.

Британски воени експерти предупредуваат дека при нападите врз сириските владини сили, што ги најави претседателот на САД Барак Обама, може да се погодат и резервите од хемиско оружје, при што може да има многу загинати и повредени цивили токму од оружјето за кое се казнува Башар ал Асад.

05.09.2013 - 10:58

најчитано сега