Бејли: Македонија направи сериозен прогрес во последните три години
Од она што го видов во последните три години, многу сум оптимистичен, истакна на денешната Конференција на Парламентарните комисии за европски прашања во Собранието, амбасадорот на САД во земјава, Џес Бејли.
– После неколку години во оваа земја сфатив дека владеење на правото е најголема потреба на граѓаните од регионот. Придружувањето на ЕУ не е техничка работа, туку суштинска работа за една цела генерација. НАТО веќе со години ги чува сите оние вредности, како владеење на правото, демократијата, слободата… Зацврстувањето на владеењето на правото бара повеќе од донесување на законот, туку треба граѓаните да бараат поголема транспарентност. Граѓаните не треба да гледаат на другата страна кога има некој случај на корупција. Потребна е поголема свест кај граѓаните и таа нема да порасне преку ноќ – посочи Бејли.
Според него, владеење на правото во Македонија е намалено.
– Сериозни судски спорови се мистерија, судовите се меѓу најмалку доверливите институции во државата, транспарентноста треба да стане право. Судските расправи треба да бидат достапни за јавноста. Потребни се комплетни електронски записи од судските спорови. Недостасува основно чуство за доверба во судовите. Новинарите почнаа да покриваат приказни со лошо водени судски спорови, што е одличен знак. Во исто време, новинарите имаат обврска да го разберат судскиот систем и да избегнуваат сензационалистички вести. Парламентот има многу поголема моќ да објави случаи на корупција. Мора јавноста да учествува на комисиите во парламентот како што е тоа можност во САД – рече Бејли.
Судовите во Македонија, смета тој, треба да внимаваат на транспаретноста, бидејќи многу често важни судски случаи се обвиткани со некој, како што рече, вел на мистерија и не е ни чудно што граѓаните не им веруваат.
Прашањата на интегрален интегритет ја поткопуваат довербата. Како пример тој посочи на случајот кога јавен обвинител учествуваше во донесување одлука што се однесуваше на член на семејството на друг член на Советот на обвинители.
- Ми се чини дека тука станува збор за една ситуација на конфликт на интереси. Никој точно не знае што точно се случи во таа ситуација, рече Бејли.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа