Легендарниот актер Џек Николсон заминува во пензија
Холивудската легенда Џек Николсон заминува во пензија и нема повеќе намера да се појави на големото платно, пренесе „Radar Online“.
Николсон зад себе остава блескава кариера која траеше цели 50 години. Кариерата ја започна како актер, сценарист и продуцент, филмското деби го оствари во филмот „The Cry Baby Killer“ во 1958 година. Актерот 12 пати беше номиниран за Оскар, а го доби три пати.
Славниот 76-годишен актер Николсон решил да замине во пензија поради проблеми со памтењето поради што не може да запамети текст за на големото платно.
05.09.2013 - 09:31