Путин: Џон Кери е лажго!
Рускиот претседател Владимир Путин го нарече американскиот државен секретар Џон Кери лажго поради негирањето дека Ал Каеда се бори заедно со опозицијата во граѓанската војна во Сирија.
- Тоа мене ни е многу непријатно и изненадувачки. Кога зборуваме за нив (Американците), претпоставуваме дека тоа се чесни луѓе, но тој лаже и знае дека лаже, а тоа е тажно, наведе Путин.
Тој го повтори дека каква било употреба на воена сила во Сирија без дозвола од Советот за безбедност на Обединетите нации би било акт на агресија.
05.09.2013 - 09:27