500.000 сириски бегалци живеат во Турција
Бројот на сириски бегалци во камповите на Турција се искачи над 200.000 луѓе, а вкупниот број, заедно со тие кои живеат надвор од камповите е повеќе од 500.000 лица.
Турското Министерство за надворешни работи соопшти дека сириските државјани се сместени во 20 кампови за бегалци, каде има 45.000 деца и тинејџери. За време на 2,5 криза во Сирија во турските бегалски кампови се родиле над 5.600 деца.
За 2,5 години Турција за бегалците потрошила една милијарда долари.
05.09.2013 - 09:08