Навреди, буткање, тепање, кинење - хаос настана во словачкото Собрание

 

 

На вчерашната седница на словачкото Собрание, вербалната пресметка на двајца пратеници прерасна во тепачка.

Независниот пратеник Алојз Хлина, го нападна својот колега Антон Мартвоњ од партијата Смер - Социјална демократија откако овој му упати неколку навредливи зборови.

Мартвоњ го нарече Хлина, губитник кој ги критикува извршителите кои сакаат да го подобрат своето функционирање, а самиот се збогатил со продажба на алкохол на малолетни лица.

- Изговарајќи фактичка белешка бев нападнат од пратеникот Хлина, што се случи првпат во историјата. Ниеден пратеник, освен Мечијар никогаш никого не нападнал. Тој ме зграпчи за врат и ме бутна на столот од висина од околу пола метар, објасни Мартвоњ.

Тој додаде дека притоа колегата му ги скинал пантолоните и му се заканувал.

Во врска со настанот, кој добро може да се види и на видео снимката, Хлина арогантно одговара:

 - Морам да ја корегирам таа изјава. Јас никого не нападнав. Да го нападнев сега ќе лежеше во болница. Мартоњ не е моја класа. 

05.09.2013 - 08:39

најчитано сега