Заев-Јазбец: Словенија преку грантови ќе ги помага македонските општини

Премиерот Зоран Заев се сретна со словенечкиот амбасадор во земјава, Милан Јазбец, кој пренел оценка дека се чувствуваат позитивните промени во земјава.

На средбата е заеднички констатирано дека се создадени услови за интензивирање на искреното, многугодишно пријателство што го имаат двете држави. За таа цел се договорени грантови.

Словенечкиот амбасадор Јазбец го пренесе интересот на словенечката Влада, како и на фирми од Словенија за учество во вакви инвестиции, што се разгледува да се реализираат и со вклучување на Владата, на општините и на приватни домашни ресурси, согласно со потребите. Отворени се можности и за соработка во други области коишто исто така се однесуваат на директните потреби на граѓаните за подигнување на квалитетот на живот. 

 

 

 

23.02.2018 - 11:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега