Ѓорчев на глобалниот самит на ИДУ: Македонија назадува на секое поле, ВМРО-ДПМНЕ ќе биде алтернатива и надеж за македонските граѓани

 

Меѓународниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Владимир Ѓорчев учествува во Мадрид на самитот на Мегјународната демократска унија (ИДУ), најголемата светска организација на народните, конзервативните и демохристијанските партии.

Во своето обраќање, Ѓорчев говореше за политичката и економската ситуација во државата како и за промените кои се случуваат во ВМРО-ДПМНЕ. Ѓорчев истакна дека Македонија со новата владата на СДСМ назадува на секое поле, а најмногу на економски и политички план. Сите макроекономски показатели покажуваат движење во надолна линија на економијата додека корупцијата расте. Клучните реформи за приближување на државата кон НАТО и ЕУ  како оние во судството се целосно отсутни, а власта работи на остварување на партиски интереси.

Ѓорчев говореше и за политичкиот прогон кој во овие моменти се случува во Македонија и за пратениците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ кои неосновано се наоѓаат во притвор. Тој напомена дека 6 проценти од сите пратеници во македонскиот парламент се наоѓаат во притвор што претставува цели 12 проценти од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.

Покрај влошената политичка клима и погазувањето на демократските принципи во државата Ѓорчев потенцираше дека новото раководство на ВМРО-ДПМНЕ напорно работи на консолидирање и засилување на партијата. Токму поради овој факт најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ е  надеж за македонските  граѓани и алтернатива на штетните политики на власта.

Меѓународната демократска унија(ИДУ) е светска организација на десниот центар која ја иницираа Роналд Реган, Хелмут Кол, Маргарет Тачер, Жак Ширак и останатите светски лидери на сестринските партии.

 

 

 

23.02.2018 - 11:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега