Снежен Град на Попова Шапка до 27. - почнаа снежните авантури

 

Ученици од основните училишта од Скопје, Куманово, Виница и Тетово учествуваат на традиционалната детска манифестација „Снежен град 2018“ на Попова Шапка, која ќе се одржува до 27 февруари.

Децата денеска со директорката на Детскиот културен центар „Карпош“ Ружа Ѓорѓеска ќе го претстават „Снежниот град“, кој ќе биде отворен за посетителите.

Ќе биде организирана и еднодневна посета на Снежниот град.

Манифестацијата „Снежниот град“ почна вчера, во организација на Детскиот културен центар „Карпош“ - Скопје. Учесниците кои се градители на „Снежниот град“ се сместени во хотел „Славија“- ЕЛЕМ. 

 

 

 

23.02.2018 - 10:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега