Грција прв пат не не блокира: Ја поддржа Македонија за влез во Јадранско-јонската иницијатива

Грчкиот заменик-министер за надворешни работи Јоргос Катругалос изјави дека грчката Влада ја поддржува кандидатурата на Македонија за приклучување во Јадранско-јонската иницијатива.

Катругалос, во писмо до еврокомесарите за проширување и добрососедска политика и за регионална политика, Јоханес Хан и Корина Кретсу, ги најави намерите на Грција за поддршка на кандидатурата на Македонија.

Во Јадранско-јонската иницијатива веќе се вклучени Грција, Италија, Словенија, Хрватска, Србија, Црна Гора, Албанија и Босна и Херцеговина. Еврокомесарот Хан вчера за „Ди Велт“ изјави дека ЕК наскоро, најверојатно до ова лето, ќе им предложи на земјите-членки да отпочнат претпристапни преговори со Албанија и Македонија.

 

 

 

23.02.2018 - 10:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега