Самарџиски: Судијата го призна кошот па сам си ја поништи одлуката
Мислам дека сме драстично оштетени и дека со право приговаравме, изјави Предраг Самарџиски по мечот со Црна Гора и незаслужениот пораз.
-Малку ми е чудно, судијата сам го призна кошот, па потоа ја поништи сопствената одлука. При тоа, топката требаше да биде наша на крајот, а тоа се две многу важни одлуки кои можеа да не' приближат до победата, која ја заслуживме, вели Самарџиски.
04.09.2013 - 22:03