По мечот Србија - Литванија ФИБА ќе ја разгледува жалбата на Македонија

 

Македонската Кошаркарска Федерација веднаш по крајот на натпреварот уредно поднесе жалба за прекршување на правилата од страна на судиите и поради тоа, технички состанок ќе се одржи по одигрувањето на мечот Литванија - Србија, кој ќе даде конечна одлука. Доказите за прекршување на правилата се темелат на видео и фото-материјал од завршните моменти на натпреварот кои го решија победникот, пишува на официјалната страна на Македонската кошаркарска федерација.

Во самата завршница, по промашувањето на Мекејлеб, Чековски ја прифати топката, веднаш шутна кон противничкиот кош, кога Милко Бјелица ја зафати мрежата на сопствениот кош и го стресе обрачот, со тоа прекинувајќи ја акцијата.

04.09.2013 - 21:50

најчитано сега