Собранието ги отвара вратите за граѓаните

 

Собранието на Република Македонија денеска ќе биде отворено за посета од граѓаните.

Посетителите ќе имаат можност да ја разгледаат внатрешноста на зградата како значајно историско обележје на македонската државност и да добијат одговори на своите прашања.

Во Собранието ќе влезат само граѓаните кои претходно се пријавија телефонски или преку е- маил кај собраниските служби.

Собранието на Република Македонија е отворено за посета секој последен петок во месецот. 

 

 

 

23.02.2018 - 08:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега