Пипан: Делегатот само ме гледаше и молчеше

 

Мораме уште еднаш да ја видиме видеоснимката, но убедени сме дека имаше повреда на правилата.

Ова го изјави македонскиот селектор Алеш Пипан по инфаркт завршницата против Црна Гора и непризнаениот чист кош на нашата селекција.

-Веднаш по одлуката, реагирав на записничката маса, кај делегатот, а тој само ме гледаше и не кажа ниту збор, вели Пипан, кој додава дека во последните пет минути направивме многу глупости.

„Навистина не знам што да кажам. Мислам дека на крајот нешто друго, а не играта на теренот го одлучија победникот“ – рече Војдан Стојановски

04.09.2013 - 21:02

најчитано сега