Вељановски со честитка по повод празникот Рош Хашана и еврејската Нова година
Претседателот на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски денеска упати честитка до претседателот на Еврејската заедница во Република Македонија, Берта Романо-Николиќ по повод празникот Рош Хашана и еврејската Нова година.
- Нека ве следат денови исполнети со многу среќа и здравје, а хармонијата и мирот нека бидат ваши постојани моменти. Посакувам да продолжиме заедно да ја градиме нашата држава, и вие како заедница имате голем придонес во тоа. Ќе ми биде задоволство како до сега, така и во иднина заеднички да правиме напори да изградиме модерна и демократска држава, но во исто време да ги зачуваме и надоградуваме темелните вредности на нашето општество кои почиваат на толеранција, соживот и меѓусебно разбирање. Тоа впрочем е и во нашата заедничка традиција. Да ги почитуваме културните и религиските различности, и само така пред нас ќе имаме преспективна иднина за сите генерации. Шана Това, стои во честитката на Вељаноски до Романо-Николиќ.