Хорор во Словачка: Полицаец си го убил семејството па се самоубил
Поранешен полицаец, по кого словачката полиција трагаше под сомнение дека ги застрелал своите ќерки на возраст од 13 и 15 години и нивната 71-годишна тетка, денеска е пронајден мртов со прострелна рана во главата, јавија чешките медиуми.
Се претпоставува дека 49-годишниот Мартин Кањави самиот се застрелал, пренесува дописникот на МИА од Прага.
Засега не се знае кога и зошто Кањави ги убил своите деца и нивната тетка која ги чувала.
Според словачките медиуми, поранешниот полицаец бил конфликтна личност и имал финансиски проблеми.
04.09.2013 - 15:56
Фото:
Сител