Како да дознаете дали некој ве блокирал на Фејсбук

Освен тоа, многу е потешко да дознаете дали некој ве блокирал или избришал од листата на пријатели, отколку што е да избришете некого.

Ако имате забележано дека некои луѓе повеќе не се појавуваат на вашиот News feed, време е да почнете подлабоко „да копате“.

Вашиот прв чекор треба да ве одведе кон проверка на Messenger. Побарајте го името на личноста на која се сомневате. Доколку ви се појави неговиот/нејзиниот профил со опцијата за допишување, тогаш не се грижете. Но, во спротивно, големи се шансите дека сте блокирани, бидејќи единствената друга опција е дека таа личност го избришала Facebook профилот.

Ако личноста го избришала Facebook профилот, прелистајте ги старите пораки и пронајдете го последниот разговор помеѓу вашите профили.

Facebook прави добра работа кога во однос на заштита на идентитетот на „блокирачот“. Доколку нечиј профил не можете да го пронајдете со Search опцијата на Facebook, тогаш ќе знаете дека тој или го избришал неговиот профил, или едноставно ве блокирал.

 

 

 

21.02.2018 - 10:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа