ВМРО-ДПМНЕ: Парталов призна дека Струмица добила пари од Владата
Според ВМРО-ДПМНЕ секретарот на Општина Струмица, Кирил Парталов денеска признал дека Струмица добила пари од Владата.
-Денес општина Струмица призна дека примила пари за инфрастркутурна изградба на зоната каде ќе се реализира холандската инвестиција. Ако општина Струмица не добиеше пари во висина од над 52 милиони денари, што е поддршка од Владата тогаш местото каде се одлучија да инвестираат холандските инвеститори ќе продолжеше да зјае празно.Сега останува уште Зоран Заев да се извини поради лагите кои ги изнесе, тоа би било чесно и доблесно однесување кое се очекува од еден лидер на опозиција. Се друго е потценување на граѓаните, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција на Парталов.
04.09.2013 - 15:34