ВМРО-ДПМНЕ: Повеќе од три месеци патриоти се во затвор зошто се спротиставија на Владата
Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека повеќе од три месеци Илиевски, Јовановски, Чавков, Дамовски, Мукоски и останатите се држат во притвор само затоа што гласно се спротиставија на плановите на оваа влада анти-реформска Влада за редефинирање на државата.
Не постои никаква правна основа патриотите притворени за настаните поврзани со 27-ми април да бидат задржани во истражниот затвор, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
-Тие не се терористи и не сториле терористички акт за да може да го повторат делото што им се става на товар. Тие ниту се обиделе, ниту имале намера да се обидат да влијаат врз апсурдната истрага. Најдобар аргумент за апсурдноста на целата истрага и конструкција е што судот и обвинителството ги држеа во притвор повеќе од два месеци и дури потоа одлучија да ги повикаат за да ги сослушаат и да им побараат исказ. Притворените ниту се обиделе, ниту имале намера да избегаат од Македонија. Напротив, без разлика на континуираните закани од политичари и пратеници на СДСМ, дури и јавно, во медиуми, тие не ја напуштија земјата. Република Македонија е единствената држава каде видни личности, патриоти, кои немаат сторено ниту прекршок се прогласуваат за терористи додека во исто време се ослободуваат стотици лица кои се осудени за тешки кривични дела, разбојништво, кражби, изнуда и трговија со дрога. Обвиненијата за тероризам се апсурдни конструкции и измислици со кои се праќа порака за застрашување на сите кои сакаат да го кренат својот глас против катастрофалните политики на власта, се наведува во партиското соопштение на партијата.
Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека повеќе од три месеци Илиевски, Јовановски, Чавков, Дамовски, Мукоски и останатите се држат во притвор само затоа што гласно се спротиставија на плановите на оваа влада анти-реформска Влада за редефинирање на државата.
-Владата ги злоупотреби правосудните органи. Судовите не се ни трудат да ја запазат правната постапка целосно уривајќи ги угледот и честа на самите институции кои треба да дејствуваат независно од извршната власт. Законите мора да важат подеднакво за сите, а не да се применува селективна правда. Политичкиот реваншизам и малтретирање на луѓе кои размислуваат поинаку од СДСМ мора да запре. СДСМ и Зоран Заев мора конечно да сфатат дека во Република Македонија постојат луѓе кои секогаш ќе се спротиставуваат на било која деструктивна политика на оваа Влада. Ваквото заплашување и замолчување од оние кои ги спроведуваат катастрофалните политки само ќе го зголеми револтот на граѓание кои бараат правда, стои во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа