Дамаск потона во мрак
Сите делови од сирискиот главен град Дамаск останаа утрово без електрично напојување.
Од 9 часот изутрина сите во градот биле без струја. Електроснабудувањето подоцна било обновено во некои делови на богатиот кварт Абу Румане.
Прекин на струјата се случува се почесто во Сирија откако се интензивираше конфликтот, кој започна во март 2011 година со насилното задушување на протестите против претседателот Башар ал Асад.
04.09.2013 - 14:14
Фото:
Скопјеинфо