Поранешен романски министер и генерали обвинети за злоупотреба на службена положба

 

Поранешен романски министер и неколку генерали беа изнесени пред суд за купување под незаконски услови на службени станови со субвенционирана цена.

Корнелиу Добрицио, кој беше министер за одбрана во периодот мај-декември 2012 година, го најмил, а потоа и купил со субвенционирана цена службениот стан од Министерството за одбрана. Добрицио ги прекршил законските одредби, користејќи лажни декларации, се наведува во обвинението на Националната дирекција за борба против корупцијата во Романија, пренесува БТА.

Освен Добрицио, уште десет лица на раководни функции во министерството за одбрана ги купиле под незаконски услови службените станови.

Тие направиле штета од 1,2 милиони леи, односно 274.000 евра.

 

04.09.2013 - 14:10
Фото: 
Денешен

најчитано сега