Преплашена објавила предупредување: „Ми експлодираше мобилниот додека се полнеше преку ноќта“
-Обрнете внимание да не го чувате телефонот близу себе додека е приклучен на полнач, бидејќи може да експлодира. Мојот мобилен штотуку експлодираше, внимавајте на децата и себеси секако, бидејќи тоа секако може да се случи - објавила вчера жена од Мостар во групата на Фејсбук „Мостарски мајки на Фејсбук“ со фотографија од распаднат и целосно уништен мобилен телефон, пишува Вечерни лист БиХ.
Жената истакнала дека фотографијата ја објавува како предупредување за сите кои додека телефонот им се полни го чуваат близу до себе. За среќа во овој случај никој не бил повреден.
За случајот пак на Љубица Мариќ од Згреб пишувале сите медиуми. Лежела во кревет, а нејзиниот мобилен телефон кој бил ставен на ормарот да се полни, заѕвонел и експлодирал во ноќта додека се полнел.
-За среќа децата спиеја и никој не беше близу телефонот - рекла Љубица.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа