Не стивнуваат бурните реакции во врска со конкурсот на Министерството за култура
Сојузот на фолклорни ансамбли бара да се поништи одлуката на комисијата која одлучуваше за распределување на средствата на министерството за култура, објави Сител. Годишната програма на министерството и натаму предизвикува бурни реакции кај уметниците. Според Сојузот на ансамбли комисијата не ги ги познава состојбите за да знае дали, каде и колку средства ќе додели. Реагираат дека неколку најзначајни фолклори и ансамбли кои освоиле прво, второ и трето место низ светот на меѓународни настапи, се целосно изоставени од годишната програма.
Од министерството информираат дека на голем дел од овие друштва и ансамбли им недостасува развојна програма. Според портпаролот Сараќини, дел од нив биле спорни за комисијата бидејќи се регистрирани на адреси на приватни станови. Во тек е жалбена постапка, по што ќе одлучува комисијата согласно фактите.
Откако беа објавени резултатите од годишниот конкурс за проекти кои ќе ги финансира министерството за култура, реакции и незадоволство изразија први државните институции како филхармонија, театри, а потоа и голем број уметници, издавачки куќи, граѓански организации кои одржуваат традиционални културно уметнички активности.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа