Обвинителството ќе ја истражува смртта на македонските планинари кои загинаа на Кајмакчалан

 

Македонското обвинителство отвора истрага за смртта на двајцата планинари кои загинаа на Кајмакчалан, дознава Макфакс.

Според извори од обвинителството, се чекаат резултатите од обдукцискиот наод изготвен од Судската медицина во Солун, по што ќе бидат преземени потамошни истражни дејства.

Од обвинителстово засега не откриваат кој се ќе биде сослушан во врска со трагедијата која се случи на Кајмакчалан, дали ќе бидат земени изјави од учесниците на двонеделната планинарска тура, водичите и организаторите од планинарското друштво „Трансверзалец“ од Скопје.

„Се зависи од тоа кога ќе стигнат наодите од Грција“, велат од Јавното обвинителство.  Истрага за случајот се води и од страна на грчките надлежни институции, кои соработваат со македонската полиција за разветлување на причините за трагедијата.

 

 

 

19.02.2018 - 20:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега