Формирано здружение за заштита на животни во Берово

 

На иницијатива на жители на Берово се формира првото здружение за заштита на животни „Про анима“ во оваа општина.

- Според Статутот на Здружението е предвидено тоа да делува на индивидуалната и колективната промена на човековата свест и на ширење на свеста за вистинската природа на животните како битија кои чувствуваат болка, патење и страв. Ќе се промовира и помош за бездомни животни и заштита на загрозени видови животни, како и едукација на населението и промоција на вегетаријанството и пред сѐ на веганството како етички и еколошки одржлив животен стил и здрав начин на исхрана, изјави Јасмина Соколовска од здружението по одржаното основачко собрание.

Градоначалникот Ѕвонко Пекевски очекува здружението да придонесе за подобро регулирање на законските обврски за општините, а се надева и дека ќе се подигне свеста кај граѓаните за совесно да ги чуваат миленичињата.

Формирањето на здружението следува по случаите на труење на животни во Берово. 

 

 

 

19.02.2018 - 19:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега