Посен манастирски рецепт за Велигденскиот пост - Брзо се прави и е многу вкусен

Започна големиот Велигденски пост, а првата недела наречена Чиста недела стартува токму од денеска.

Ви нудиме посен манастирски рецепт за вкусна паштета или намаз од ореви.

Ви требаат 4-5 компири, 250 гр. мелени ореви, 1-2 лажици доматно пире, 1-2 лажици сенф, сок од ½ лимон и зачини по вкус.

Компирите се лупат и се варат во солена вода, а кога ќе се свари водата се одделува на страна.

Компирот се пасира како за пире, додавајќи му ја водата од страна, се додаваат оревите и другите состојки.

Се изедначете со миксер.

навистина е вкусно и посно.

 

 

 

19.02.2018 - 10:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега