Касами: Изборот на Гаши нема врска ни со БЕСА ни со Албанците

Од крилото во БЕСА предводено од Биљал Касами го оспорија изборот на Африм Гаши за претседател на движењето.

- „Денешниот собир претставен како партиски Конгрес нема врска со Движењето Беса и нејзината легитимна и легална структура. Доволно е да се види целосната слика, за тоа кој од поканетите беше во првите редови, а кој во позадина, слободно може да се констатира дека таа група е едноставно собир на здруженија кои се диригираат само од еден центар кој нема врска, не само со Беса туку ниту со Албанците“, реагираа од таборот на Касами, пренесе Фокус.

Конгресот се одржа синоќа во Тетово.

 

 

 

19.02.2018 - 08:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега