Сирискиот претседател употребувал касетни бомби во нападите

 

Режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад за време на воените дејствија во земјата „масовно“ употребувал касетни бомби уште од средината на минатата година, се тврди во извештајот објавен денеска од Коалицијата против касетните бомби, во која членуваат 350 невладини организации од над 90 држави.

Употребата на ова оружје во големи количества од страна на Сирија предизвикала „огромен број на цивилни жртви“, најмалку 165 од вкупно 190 жртви во светот, за кои постојат и докази.

Во извештајот се истакнува, исто така, дека веројатно египетските и руските касетни бомби, кои ги употребувала Сирија, биле испорачани во минатото, а не за време на сегашниот конфликт.

Новиот извештај е објавен по повод четвртата средба на државите членки на Конвенцијата, која ќе се одржи од 9 до 13 септември во Лусака, Замбија. 

04.09.2013 - 13:17

најчитано сега